Азурен Брег

Милано - Ница - Сент Тропез - Кан - Ез - Монако - Монте Карло

Азурен Брег

1 ден – 29.12.2018 СКОПЈЕ – МИЛАНО

Состанок на групата во 10:00 ч. Поаѓање во 10:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце,Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден – 30.12.2018 МИЛАНО

Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (околу 2 часа) за пред новогодишен шопинг. Продолжуваме кон Милано. Сместување во хотел. Одиме на организиран разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланска опера една од најпознатите оперски куќи во светот… Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности.
Ноќевање.

3 ден – 31.12.2018 МИЛАНО – НИЦА

Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во попладневните часови одиме на прошетка низ стариот град на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот на Солеја, палатата на правдата…Ноќевање

4 ден – 01.01.2019 НИЦА – СЕНТ ТРОПЕЗ – КАН

Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Сент Тропез и гламурозниот Кан Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти,старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познати глумци – Café Senequer. Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne… Слободно време за прошетки низ стариот град. Продолжуваме кон Кан.
Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Матината. Посета на стариот дел од градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слодобно време за индивидуални пpoшетки. Врашање во Ница.

Вечерта предлагаме дочек на Новата Година во гламурозното Монте Карло, заедно со светскиот џет сет…  единствено доживување. Враќање во Ница. Ноќевање.

5 ден 02.01.2019 НИЦА –– ЕЗ – МОНАКО – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел.Префлагаме посета на Монако со попатна пауза на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт , кралската палата, катедралата Св. Никола, градините на принцезата Грејс Кели, патеката на F1, пристаништето… Слободно време. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Италија, Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

6 ден – 03.01.2019 СКОПЈЕ

Простигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 01.11.2018:  239€/ 14.820 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 259€/16.050 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

 

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • Сместување во Милано во хотел 3* на база 1 ноќевање со појадок,
  • Сместување во Ница (околина) во хотел 2* / 3* на база 2 ноќевања со појадок,
  • Разглед на Ница и Монако
  • Посета на FRANCIOACORTA OUTLET VILLAGE шопинг центар
  • Организација лиценциран туристички придружник на патувањето.
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново) , Струмица, Штип. Велес

*Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

 

  • Патничко осигурување – 5 ЕУР
  • Новогодишна посета на Монте Карло-  20 ЕУР
  • Посета на Ез, Монако – 20 ЕУР
  • Посета на Кан и Сент Тропез – 30 ЕУР
  • Туристичка такса во Милано (3-5 ЕУР по лице)
  • Туристичка такса во Ница (1,5 ЕУР по лице на ден)
  • Влезници на културно историски споменици, музеи
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 6100 денари

 

© Copyright 2016 by DELTA MTS