Будва - Дубровник

Будва-Дубровник

1 ден 29.12.2018   Кавадарци-Неготино-Штип-Велес-Скопје-Будва

 

Состанок на групата. Поаѓање за Црна Гора во 22 часот . Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

2 ден 30.12.2018 Св.Стефан – Будва

 

Пристигнување во Св. Стефан, едно од најмонденските летувалишта на црногорското приморје, кратка пауза за разглед или кафе и поаѓање за Будва. Сместување во  приватни апартмани во Будва. Слободно попладне  за одмор и индивидуални прошетки низ Будва. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на Будва посета и разглед на црквите Св.Иван, Св. Марија, плоштадот.. или пак воздишка за кафе или ручек во некој од бројните кафулиња и ресторани долж морскиот брег.Вечерта предновогодишна атмосфера на плоштадот со музичка програма. Ноќевање.

 

3 ден 31.12.2018  Будва – Дубровник

 

Можност за факултативна целодневна посета на Дубровник. Патувањето се одвива преку Тиват со траект до Дубровник. Градот каде се снимаа дел од сцените на познатата серија “Гејм оф Тронс“ денес, е под светската културна заштита на УНЕСКО и е несомнено една од најубавите светски дестинации за посета. Раглед и прошетка на стариот дел на градот; Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот Столб, Градскиот ѕвонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала… Враќање во Будва. Вечерта дочек на Новата 2018 година пред платото на Стариот град со богата музичка програма .Ноќевање.

 

4 ден 01.01.2019  Будва – Котор – Скопје – Велес – Неготино – Кавадарци

 

Напуштање на апартманите.Можност за факултативна посета на Котор.Во попладневните часеви се поаѓа за Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

 

ПРОМО ЦЕНА:  59€/3.660 ден. за уплата до 30.11.2018

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 69€/4.280 ден.

 

 

Во цената е вклучено:

– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

–  2 ноќи во приватно сместување во Будва

– Попатна посета на Св.Стефан

– Организација, реализација и придружник на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

– Факултативна посета на Дубровник 10€ (минимум 40 пријавени)

-Факултативна посета на Котор 5€ (минимум 40 пријавени)

– Влезници по музеите и културно историските споменици

– Задолжително патничко и здравствено осигурување

 

 

Напомена:

– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;

-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,комплетна доплата 10 дена пред поаѓање.
– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање;
– Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата
– Пасошот мора да има важност минимум 90 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
– Уплата исклучиво во денари

 

© Copyright 2016 by DELTA MTS