Истамбул

Истанбул

  • 1 ден 29.12.2018 – Скопје – ИстанбулСостанок на групата на паркингот пред спортски центар Борис Тарјковски во 15:00 и поаѓање за Истанбул во 15:3. Дневно и ноќно патување преку  Р.Грција со попатни паузи за одмор и царински формалности.2 ден 30.12.2018 Истанбул

    Пристигање во Истанбул во утринските часови. Панорамско разгледување на градот со автобус: Капали чаршија, Бејазит- најстариот универзитет, Лалели, Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас (хотелот каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес) ,кратка прошетка низ Таксим, Операта, стадионот на ФК Бешикташ, Долма Бахче Сарајот. Сместување во хотел. Слободно попладне. Потоа факултативно заминуваме во ноќен клуб со богато мени и прекрасна програма со ориентални танци за незаборавно доживување. Враќање во хотел. Ноќевање.

    3 ден 31.12.2018 – Истанбул

    Појадок. Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство (факултативно): со локален водич ќе ја разгледамњ познатата црква АЈА СОФИЈА, па ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем. Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанхмед плоштадот и Византискиот хоподром. Можност да се посети и подземната византиска цистерна каде се чувала водата за пиење од каде градот бил снабдуван со вода. Пешки продолжуваме до Капали чаршија каде го завршуваме програмот. Излезот е факултативен. Вечерта факултативно ве носиме на Азиската страна на Истанбул. Ќе го видите најголемиот и најпознат мост во Истанбул, граден по пример на Голден Гејт мостот во Сан Францискп. Го посетуваме најубавиот дел од градот – Бејлербеи каде ќе имате можност да се прошетате и да пиете кафе покрај Босфор. Потоа ве водиме во местото Ускудар за да видите познатата џамија на Михримах Султан. Дочек на Нова Година 2019 на некој од градските плоштади. Враќање во хотел. Ноќевање.

    4 ден 01.01.2019 – Султански Истанбул

    Султански Истанбул + крстарење по Босфор
    Појадок. Организираме факултативна посета на најбогатата, најубавата и последна султанска палата – Долма Бахче Сарај Палатата со локален водич. Потоа заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината румели Хисар, “Beyler beyi” палатата… Ќе уживате во прекрасниот поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени (Тансу Чилер…), Kiskulesi (Момиската кула) , Султанската палата Чираган… За крај, ве водиме на голем шопинг центар ФОРУМ. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Се патува преку Грција, ноќно возење со попатни паузи.

    05 ден 02.01.2019 – Скопје

    Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

     

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 01.11: 109€/6.760 ден.

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  119/7.380 ден.

     

    Во цената на арнжманот е вклучено:

    • Превоз со високотуристички автобус
    • Сместување во хотел 3* на база 2 НП (ноќевање со појадок)
    • Панорамски разглед на Истанбул со локален водич
    • Туристички пратител на програмта
    • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

         
            

    *Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

     

    Во цената на аранжманот не е вклучено:

    • Задолжително патничко осигурување (5€)
    • Отомански и Византиски Истанбул (автобус, локален водич): (10)
    • Крстарење по Босфор (20)
    • Посета на Долма Бахче Сарај со водич и влезница и харемот: (35€)
    • Дочек на Нова Година во ноќен клуб: ()
    • Дочек на Нова Година на брод по Босфор: ()
    • Влезници : Аја Софија: (15) , Топ Капи (без харем): (15) , Харемот во Топ Капи- (10)
    • Посета на Азискиот дел на Истанбул (15€)
    • Доплата за еднокреветна соба 2.480

© Copyright 2016 by DELTA MTS