Париз - Прага - Минхен

Париз , Прага, Минхен

Париз | Прага | Минхен

 

1 ден 28.12.2018 СКОПЈЕ – Виена

Состанок со групата во 11:30 ч.на паркингот спроти сала Борис Трајковски. Поаѓање  за Виена во 12:00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Белград, Будимпештта. Ноќно возење.

2 ден 29.12.2018  ВИЕНА-ПРАГА

Пристигнување во Виена во утринските часови. Утринска панорамска прошетка: Рингот, Операта, Парламентот, стариот дел на градот со црквата Св.Стефан. Слободно време.  Патувањето продолжува за Прага во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта факултативна поста на пивница со традиционална вечера и шоу програма (со локален автобус). Ноќевање.

 3 ден 30.12.2018  ПРАГА –  ПАРИЗ

Појадок. Предпладне, панорамско разгледување на Прага со водич: Горниот град – Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карлов мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kарло IV, Кралскиот пат, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник- Орлој, градска куќа, Тинска црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Универзитетот на Карло четврти, Валцевскиот плоштад, Националниот музеј. По разгледот, препорачуваме крстарење по реката В’лтава. Слободно попладне. Поаѓање кон Париз во вечерните часови. Ноќно возење.

 4 ден 31.01.2018 ПАРИЗ

Во утринските часови пристигнување во Париз – најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Препорачувме панорамски разглед на Париз со автобус и локален водич: плоштадот Бастиља, Универзитетската четврт, Сорбона, Нотр Дам, Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсовите полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот, Домот на Инвалидите, Елисејските полиња, Триумфалната капија. Сместување во хотел. Слободно попладне. Препорачуваме прошетка со наш водич и неговите приказни: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со топло чоколадо* на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. (Метро). Дочек на Нова Година на Елисејските полиња.  Враќање во хотел .Ноќевање. 

5 ден 01.01.2019 ПАРИЗ – ВЕРСАЈ

Појадок. Предпладне препорачуваме прекрасен излет со автобус и локален водич: Кралскиот Париз.  Разгледот го започнуваме со животот на француските кралеви посетувајки го кралскиот замок Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најубавите дворци во светот. Ја продолжуваме прошетката со наш водич и неговите приказни: “Париз-градот на светлоста”: Ајде да се искачиме на Ајфелова кула, да крстариме 1 час со брод по Сена – единствено доживување. Ноќевање.

6 ден 02.01.2019  ЛУВР- МИНХЕН

Факултативна посета на некогашниот кралски дворец, денеска музеј- Лувр.  По посетата на Лувр, можност за организирана прошетка низ најпознатата париска авенија  Шанзелизе а потоа и прошетка по футуристичкиот кварт на Париз – Дефанс. Во вечерните часови поаѓаме кон Минхен. Ноќно возење.

7 ден 03.01.2019 – Минхен

Пристигнуваме во Минхен во  утринските часови. Предпладне прошетка низ стариот дел на градот: Плоштадот Карл, Фрауен Кирхе, Новата општинска зграда, Мариен плац, Виктуалиен маркет, Операта. Сместување во хотел. Слободно попладне… Ви препорачуваме да ја посетиме најголемата  Кралска пивница ХБ (пиво и свински коленици). Ноќевање.

8 ден 04.01.2019 – Салзбур

Појадок. Патувањето продолжува кон Салзбург каде се пристигнува во пладневните часови. Прошетка низ стариот дел: Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел. Слободно

време за индивидуални прошетки. Преполни со спомени, се упатуваме кон Скопје. Ноќно возење низ Италија, Словенија, Хрватска, Србија.

9 ден 03.01.2019 – Скопје

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 01.11 – 289/17.920мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  309€/ 19.160 мкд

© Copyright 2016 by DELTA MTS