Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 11:20 часот. Полетување за Рим во 13:20 часот, лет W6 7757 со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување на аеродромот во Рим во 15:00 часот. Пречек од страна на претставник на локалниот партнер и трансфер до Рим.Следува панорамски разглед на градот со автобус: Колосеум, Римски Форум, Плоштадот Венеција, Плоштадот Кампидољо, црквата Санта Марија Маџоре (Basilica di Santa Maria Maggiore), Плоштадот на Републиката, Плоштадот Барберини, Црквата Свети Петар, улицата Via Veneto, Vila Borgeze. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Појадок. По појадокот е можност за прошетка и посета на Форумот и Колосеумот. Разглед на најважните локалитети на антички Рим, места каде што настанал и на кои се овековечени неговите најголеми победи и достигнувања. Форумот и Колосеумот, некогашни центри на политичкиот, верскиот и јавен живот, а денес археолошки локалитети кои сведочат за славното минато на една од најголемите цивилизации во светот. Разгледот вклучува посета на: Колосеумот од надвор, најголемиот римски амфитеатар, чудото на инженерството и градбата на Стариот свет, кој ја оживува атмосферата на најважниот социјален настан на античкиот Рим – борбите на гладијаторите. Во мермерот се исклесани релјефи на триумфалните арки кои го илустрираат освојувањата на римските императори и ширењето на нивната моќ и влијание на територијата што се протегала од Велика Британија до Сирија, оправдувајќи го називот “Caput Mundi” – Престолнина на светот; ридот Палатино, место каде што, според легендата, волчицата ги одгледала Ромул и Рем, митските основачи на градот, место кое во наредните векови ќе стане најелитната резиденцијална зона, местото на живеење на римските императори и истакнати граѓани; црквата Сан Клементе, во која ќе ги посетиме капелата и гробот на Св.Кирил; Форумот, центар на политичкиот, судскиот и комерцијален живот, во чиј состав се наоѓаат остатоци од базиликите, пазарите, судовите и храмовите. Заминувањето и враќањето е пеш или со метро. Враќање во хотелот. Слободно време за индивидуални активности и разгледи. Ноќевање.
Појадок. По појадокот е предвидена факултативен излет на Ватикан, црквата Свети Петар, Ватиканските музеи и Систинската капела (полудневен излет). Ватиканските музеи датираат уште од времето на папата Јулиј II во 16-иот век. За време на посетата, ќе се посетат најзначајниот дел од збирките: збирката на антички статуи, салата со таписерии, салата со географски карти од 16-ти век, салата со канделабри, собите кои ги насликал Рафаело. Особено се истакнува Систинската капела со делата на Перуџино, Ботичели и други светски познати сликари. Во периодот од 1508 до 1511 година, Микеланџело Буонароти го насликал таванот на капелата со теми од Стариот Завет, за да околу триесет години подоцна, како тема за просторот над олтарот, го избрал Страшниот суд. Потоа се посетува внатрешноста на најголемата црква во светот, црквата Свети Петар, во која се наоѓа прочуената “Пиета”, единственото потпишано дело на сестраниот и плодотворен ренесансен уметник Микеланџело. Разгледот завршува со посета на прекрасниот плоштад пред црквата, кој го уредил Бернини, најзначајниот уметник на италијанскиот барок. Заминувањето и враќањето е пеш или со метро. Враќање во хотелот. Слободно време за индивидуални активности и разгледи. Ноќевање.
Појадок. По појадокот (со спакуван багаж) се упатуваме кон железничка станица Термини и качување на воз за Венеција. Поаѓање на брзиот воз во предпладневните часови. Пристигнување на железничката станица во Местре по трииполчасовно возење. Трансфер до хотелот и сместување. Заминување до железничката станица Местре. Возење со воз во траење од 20 минути на релација Местре – Санта Лучија и вапорето (брод) до Плоштадот Св. Марко, од каде започнува разгледот на потесниот центар на престолнината, некогашната моќна Венецијанска Република: базиликата Св. Марко, трите поврзани згради Прокуративи (Procuratie), Дуждовата палата, Мостот на воздишките, мостот Риалто, Саат Кулата, црквата Santa Maria della Salute во која се наожаат делата на Тицијан и Тинорето. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи или факултативно возење со гондоли по каналот Гранде. Во договорено време, враќање во хотелот со вапорето (брод) и со воз до станицата во Местре. Заминување пеш до хотелот и сместување. Ноќевање.
Појадок. Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или можност за факултативно крстарење и посета со брод до островите во лагуната Мурано, Бурано и Торчело. Прв во посетата е островот Мурано, далеку познат по вековната традиција во изработка на стакло, каде е всушност и фабриката за изработка на стакло, прошетка по островот, кусо слободно време, потоа движење кон наредниот остров од трите лагунски острови – Бурано, кој како своја одлика ја носи препознатливата рачно изработена свила и колоритните куќички на островот. И за крај на оваа прекрасна прошетка, посета на Торчело островот кој бил всушност првиот најстар и најгусто населен остров во тој дел на Италија, престолнина во која има бројни споменици врзани со богатата историја. Слободно попладне за индивидуални активности. Враќање во хотелот. Вечерта дочек на Новата 2019 година (можност заедно со преставникот заминување на групата на плоштадот Св. Марко за дочек на Новата година). Ноќевање.
Појадок. Појадок. Неработен ден во Италија. Слободен ден или предлагаме факултативна посета на Верона.Пристигнување во Верона околу пладне. Разгледот на градот на Ромео и Јулија: започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена. Прошетката продолжува по улицата “Mazzini”, која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а од таму кон дворот, од куќата на Јулија. Слободно време за посети и индивидуални активности. Враќање во Венеција. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Ноќевање.
Појадок. Одјавување од хотел. Tрансфер до аеродромот во Венеција во 12:00 часот. Полетување за Скопје во 15:15 часот, лет W6 7752. Пристигнување на аеродормот во Скопје во 16:55 часот.
Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
Во цената е вклучено :
Во цената не е вклучено :
Забелешки:
Leave a Reply